Македонија
3. March 2019 - 11:47

Градежен работник повреден- итно пренесен на Клиника

Вчера околу 16 часот и 50 минути во Полициската станица во Охрид, од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен 56- годишниот П. М од Охрид, кој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел  во населбата Лагадин-Охрид, соопштуваат од МВР.

Поради сериозноста на повредите, П.М  бил пренесен во Клинички центар -Скопје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а известен е и јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.