Македонија
23. March 2019 - 11:25

Град Скопје организираше посета на ЗОО за дневниот центар „Деца на улица“

Град Скопје организираше посета за децата од Дневниот центар „Деца на улица“ на Зоолошката градина. Градот обезбеди бесплатни билети за децата кои имаа можност да се запознаат со навиките и чувањето на животните во Зоолошката градина.

Посетата, како што денеска информира Град Скопје, е реализирана вчера, а децата ги пречекале градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот на ЗОО, Ѓорѓи Галетановски.

За децата била организирана и едукативна тура за која бил ангажиран Војо Иванов, познат раскажувач од ЗОО.

Од Градот најавуваат дека и во иднина ќе продолжат да се грижат за ранливите категории на деца од институциите.