Македонија
14. October 2021 - 13:27

Град Скопје ќе додели парична помош на семејствата на настраданите во пожарот во Тетово

Советот на Град Скопје денеска на седница одлучи на семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница во Тетово да им додели парична помош од 100.000 денари во нето износ.

Паричната помош се доделува како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово, соопштија од Град Скопје.

На оваа последна седница на овој состав на Советот на Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов им се заблагодари на сите советници за добрата соработка во изминатите четири години, стои во соопштението.