Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност
Лицата со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и лицата со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила, ќе имаат можност за организиран превоз, преку договорот кој денеска Град Скопје го склучи со Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
Како што информираат од Град Скопје, превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП.
Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје за 2022 година.
Ново на Сител
-
Ковачевски на средба со дипломатскиот кор: Северна Македонија е членка на НАТО, нејзиното местото е и во ЕУ
-
Муцунски: Ги повикувам граѓаните утре на протест пред Владата во 19 часот да дадеме одлучно НЕ
-
Муцунски: Ова е истиот предлог, ако се прифати ќе биде национална катастрофа за Македонија и македонскиот идентитет
-
МИ: Ракометарките поразени од Србија
-
ФК Силекс се комплетира за новата сезона
-
Вимблдон: Победи на Швјонтек и Ѓоковиќ
-
Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот продолжува утре
-
До крајот на денот нестабилно со пороен дожд во источните делови од земјата