Македонија
25. January 2022 - 15:27

Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност

Лицата со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и лицата со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила, ќе имаат можност за организиран превоз, преку договорот кој денеска Град Скопје го склучи со Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Како што информираат од Град Скопје, превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП.

Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје за 2022 година.