Македонија
24. December 2015 - 13:35

Град Скопје ги избра најдобрите трговски објекти за 2015 година

Град Скопје денеска ги прогласи најдобрите трговски објекти за годинава во рамки на манифестацијата „Месец на трговија“ што Градот ја реализира во соработка со Агенцијата „Swat Research“.

Во категоријата бутици наградени се „Пјер Карден“, „Гант“ и „Lapin house, во категоријата супермаркети „Тинекс“, „Рептил Маркет“ и „Гранап“, а во категоријата салони за мебел „Леснина Ми“, „Стиллес“ и „Мебломак“. Наградени се и „L Occitane“, „Ри-Ма“ и „Dm дрогерија“ во категоријата парфимерии и козметика, а „Сигма“, „Тесоро“ и „Сваровски“ во категоријата модни доадтоци и накит. Најдобри во категоријата компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема се „Сони Галерија“, „Неоком“ и „Телеком продавница“, а во категоријата спарати за домаќинство и се за дома се „Агротехна“, „Горење“ и „Нептун“.

Наградените добија плакети кои им ги врачи раководитеделот на Секторот за локален економски развој, Слободан Ќосев, кој истакна дека по деветти пат се реализира оваа манифестација  со цел да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки.

- Проектот „Месец на трговијата” се организира во периодот од 1 до 30 ноември 2015 година. Според резултатите на истражувањето можеме да утврдиме дека Вие како трговци сте инвестирале во објектите, но има и мали ситни недостатоци коишто треба да ги поправите за привлекување на потрошувачите, рече Ќосев.

Изборот се прави според неколку критериуми како што се: изгледот и пристапот до објектот, снабденоста со стока, аранжирањето на просторот, услугата на персоналот, помошта при изборот на производот, хигиената пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите. Годинава за првпат како категорија е вметната и насмевката.

Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 900 посети на тајни купувачи во текот на ноември и тоа по три посети на еден објект.