Град Скопје доделува садници на урбани месни заедници и куќни совети
Пролетна акција на Град Скопје за доделување 2.000 листопадни и зимзелени дрвца од ЈП „Паркови и зеленило“ на заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници.
Како што соопшти Град Скопје, доделените садници ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП „Паркови и зеленило“.
Заинтересираните куќни совети и месни урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар „Илинден“ број 82. Субјектите во барањето треба да го наведат бројот на садниците што бараат да им се доделат и точната локација на која што планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или од месната урбана заедница.
На куќните совети и на месните урбани заедници на кои што ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу десет садници.
Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 4 до 13 април 2016 година, а од 15 до 27 април субјектите ќе може да ги подигнат решенијата за доделените садници.
Ново на Сител
-
Македонија и Албанија се разделија на европскиот пат
-
Трамп, сепак, ќе се сретне со Зеленски во Њујорк
-
Бајден обезбеди итна воена помош за Украина вредна осум милијарди долари
-
ЕУ повикува на прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хезболах
-
Во Собранието седници на две комисии
-
Сончево и топло време до утре попладне
-
Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП
-
Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција