Македонија
29. November 2018 - 16:44

Град Скопје aпелира да се почитува забраната за доставување стока од 7:30 до 18 часот

Град Скопје апелира до стопанските субјекти да ја почитуваат забраната за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.

Советот на Град Скопје на седницата одржана на 19.03.2018 година како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот во градот ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на Скопје. Со оваа одлука, трајно се забранува запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.