Македонија
4. January 2019 - 18:24

Град Скопје апелира да не се палат огнови на отворено, општините нема да даваат дрва за Бадник

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.

Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето  дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во Град Скопје.