Тенис
30. September 2016 - 18:49

Грабул повторно шампион

Првиот носител и лански шампион Димитар Грабул ја одбрани титулата шампион на Македонија во тенис. Тој попладнево во финалето со убедливи 2-0 во сетови и само два загубени гема го победи Стефан Мицов.

Двата сета Грабул ги доби со 6:1 и 6:1 во гемови. Ова е негова трета титула во последните три години или вкупно шеста.

Ова за него е двојна круна откако вчера со Предраг Русевски триумфираа и во конкуренција на двојки. Поради повреди на првенството не настапија Томислав Јотовски, Горазд Србљак и Бојан Јанкуловски.

Државното првенство се играше на терените на ТК „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“.