Тенис
2. August 2017 - 19:29

Грабул и Србљак обезбедија второ коло на фјучрсот во Скопје

Двајца македонски тенисери обезбедија пласман во следната рунда на вториот фјучрс во Скопје. Во првиот меч на македонските тенисери Горазд Србљак го победи Стефан Мицов со 2-0 во сетови (6:0 и 6:2), додека Димитар Грабул беше подобар од Бесир Дургути во „вториот македонски меч“ со истиот резултат 2-0 (6:1 и 6:4).

По голема борба и меч што траеше повеќе од два часа Томислав Јотовски загуби од Дује Кекез со 2-0 (7:6 (7:5) и 6:4). Повредата на раката беше една од причините за поразот на Јотовски и неизвесно е дали тој ќе продолжи на турнирот, иако веќе има полуфинале во игра на двојки. Пораз во мартонски меч во три сета и 200 минути игра доживеа Шендрит Деари кој загуби од Ерик Калегур од Бразил. Првиот сет го доби Деари со 6:2, а следните два ги загуби во тај брекот 7:4 и 11:9, притоа во решавачкиот сет имаше и една меч топка.
Од нашите тенисери Давид Мицевски, кој преку квалификациите стигна на главниот турнир беше поразен од третиот носител Нино Сердарушиќ со 2-0 (6:3 и 6:0).