Македонија
1. November 2018 - 17:47

Грабнат млад скопјанец и претепан заради девојка, и таа го извлекла подебелиот крај

Вчера во 20,40 часот во Полициска станица Кисела Вода, С.Ф.(20) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 01,45 часот во Скопје на булевар „Борис Трајковски“ , по претходно телефонски договорена средба, откако излегол од својот дом, С.К. заедно со уште едно непознато лице насилно го внеле С.Ф. во патничко моторно возило во кое како сопатник била С.Ц., по што додека се движеле непознатото лице и С.К. физички го нападнале С.Ф., а потоа откако истиот изјавил дека е во љубовна врска со С.Ц., С.К. физички ја нападнал истата.

По ова, во населба Керамидница, С.К. и непознато лице го извадиле С.Ф. од возилото и повторно физички го нападнале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.