Македонија
8. February 2016 - 19:26

Грабеж среде бел ден во Велес

Филмски грабеж во центарот на Велес. Двајца маскирани разбојници одзеле четири метални кутии со пари од автомобил во движење. На пладне се случил вооружениот грабеж. Разбојниците го сопреле автомобилот на агенција за обезбедување во кој биле парите и заканувајќи се со пиштол го зеле пленот. Го скршиле задното стакло на автомобилот и ги земале метални кутии со пари. Веднаш по грабежот влегле во автомобил рено без регистрации и со голема брзина побегнале..сведоци на грабежот биле случајните минувачи..

Разбојниците со автомобилот влегле во градскиот парк. Го оставиле возилото и се обиделе да се сокријат во напуштена куќа. Полицијата за кратко време ги пронашла двајцата разбојници.

Од секторот за внатрешни работи велат дека приведени се две лица кај кои се пронајдени парите и оружјето со кое е извршена кражбата.

Од велешката полиција додаваат дека се превземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

Инаку за околу половина година ова е втор оружен грабеж на пари во Велес.

Во септеммври, маскиран разбојник со автоматска пушка се обиде да ограби менувачница.