Свет
16. January 2017 - 9:50

Грабар-Китаровиќ: Хрватска нема да дозволи ревизија на историјата

Хрватска нема никому да дозволи да ја ревидира нејзината историја и да ја етикетира со разни имиња, изјави синоќа хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

- Ќе продолжиме да биделе дел од активните предводници во носењето одлуки во ЕУ и НАТО и ќе градиме добрососедски односи, но нема никому да дозволиме да ја ревидира хрватската исотрија и да ја етикетира државата со разни имиња, изјави Грабар-Китаровиќ во обраќањето на свечената академија во Загреб по повод 25-годишнината од меѓународното признавање на Хрватска

Како што јави ХИНА, Грабар-Китаровиќ рече дека верува оти Хрватска ги има сите предуслови да биде просперитетна држава во која нејзините граѓани не само што ќе остануваат, туку и ќе се враќаат во својата татковина. 

На собирот се обрати и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој оцени дека меѓународното признавање на Хрватска во 1992 година е обезбедено благодарение на „државничката и визионерска политика“ на тогашниот хрватски претседател Фрањо Туѓман, на „придонесот на хрватските ветерани и на умешноста на хрватската дипломатија“.