Спорт плус
10. April 2016 - 9:50

ГП САД: Пол позиција за Маркез

Марк Маркез ја освои пол позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Америка, која е трета во овогодишното првенство во кралската класа во Мото ГП шампионатот.
 
Возачот на Репсол Хонда до четврта последовна пол позиција на патеката во Тексас стигна со најбрзиот круг 2:03.188 минути.
 
Заедно со Маркез, трката од првиот ред ќе ја започнат возачите на Јамаха, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.
 
Покрај Лоренцо и Роси помалку од една секунда заостанување зад Маркез имаше уште само Андреа Јаноне на Дукати, кој го предводи вториот ред, во кој упте се Маверик Вињалес (Сузуки) и Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда).
 
Тртата трка во сезонат ќе ја пропушти Џек Милер ( Марк ВДС рејсинг), кој падна на третиот тренинг и ја скриши метатарзалната коска во стапалото.
 
Трката за Големата награда на Америка ќе се вози в недела од 21 часот по македонско време.