Македонија
9. April 2019 - 16:22

Говорот на омраза од поглаварот на ИВЗ Реџепи под лупа на обвинителството

Недозволив е говорот на поглаварот на исламската верска заедница во кој Реџепи навредува одреден народ, сметаат во комисијата за односи со верските заедници.

Велат дека навредливите зборови не треба да се земат предвид бидејќи јавноста веќе ги осудила па не може да предизвикаат дополнителни реакции.

Комисијата за заштита од дискриминација, во говорот на Реџепи препозна револт поради отворени прашања кои ги има исламската верска заедница. Сепак велат дека тоа не треба да е причина за омраза кон одреден народ.

Говорот на Реџепи е под лупа на обвинителството.. Истражува дали е прекршен законот за спречување и заштита од дискриминација.

Јавното обвинителство ги следи сите информации и согласно своите надлежности, ќе постапува секаде каде шти ќе биде утврдено дека постојат елементи на сторено кривично дело, информираат од јавното обвинителство.

Хелсиншкиот комитет веќе поднесе пријава до МВР за ширење говор на омраза.

Реисот Реџепи се обрати до присутните верници со зборови кои предизвикуваат омраза, раздор, нетрпеливост и исмејување на македонскиот народ - исполнувајќи ги битијата опишани во член 319 и 179 од Кривичниот Законик.

На средина од минатиот месец во говор при поставување темели на џамија во Арнакија, поглаварот на исламската верска заедница изјави дека народот со кој живее бил див и без идентитет. Според ИВЗ, Реџепи не сакал никого да навреди, а неговиот говор бил изваден од контекст.