ГОУСТ РОКЕРС

“Гоуст рокерс” е белгиска серија во продукција на Студио 100, од која досега се снимени над 200 епизоди. Оваа серија носи нови авантури на нови детски јунаци. Мила, Јонас, Чарли, Алек и Јими
кои одат во исто училиште за танц, глума и музика. По часовите се собираат во училишниот подрум за да свират на инструменти, кои одненадеш… започнуваат да свират автоматски и
паранормално штом ги земеш во рака. 

Тука има нешто чудно и мистериозно за децата, па така тие ќе откријат дека во подрумот се убиени членовите на музичкиот бенд The Freebirds. Од епизода во епизоди, Гоуст Рокерите ќе се
обидуваат да ги откријат убијците на музичкиот бенд.

Улогите ги толкуваат младите белгиски актери Tinne Oltmans, Juan Gerlo, Marie Verhulst, Elindo Avastia, Wout Verstappen, Justine De Jonckheere.