Гостиварскиот центар за јавно здравје повторно ќе работи, тестовите на вработените негативни
Постојат големи изгледи гостиварскиот центар за јавно здравје од утре повторно да биде отворен. Конечната одлука треба да ја донесат здравствените власти во текот на денот. Од петокот, превентивно вработените беа во домашна изолација.
Ваквата најава ја потврдија вработени во центарот, откако стигнале последните резултати на тестовите. Дополнителните тестирања на дваесетината вработени во гостиварското одделение на Центарот за јавно здравје се покажале како негативни со што се исполнува еден од условите за нивно враќање на работа.
Епидемиолошката служба земањето на брисови ќе го прави во одвоен дел, кој се наоѓа во некогашното одделение за хемодијализа. Вториот пункт се очекува да биде отворен деновиве во објект на здравствениот дом познат како „трудова медицина“.
Работењето на гостиварскиот центар за јавно здравје беше отежнато откако на прв тест, медицински техничар во епидемиолошкото одделение се покажа како позитивен на корона тест. За да се спречи евентуално ширење на вирусот, здравствените власти го затворија, а вработените испратени во домашна изолаци
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација