Гостиварец со воздушна пушка пукал во негов другар и тешко го повредил
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 21-годишен гостиварец за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност според член 292 став 3 во врска со член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 01.05.2020 година, обвинетиот со испукување дијабола од воздушна пушка предизвикал значителна опасност за животот и телото на еден оштетен. Обвинетиот, оштетениот и уште четворица другари биле во викенд куќа во селото Сретково, па во еден момент обвинетиот од гаражата извадил воздушна пушка и започнал да нишани кон својот пријател. Оштетениот реагирал со барање да не го прави тоа, но обвинетиот сепак нанишанил и испукал една дијабола кон оштетениот, погодувајќи го во слабината од десната страна и нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Иако бил свесен дека со стореното може да настапи штетната последица, обвинетиот лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таквата последица нема да настапи, со што го сторил наведеното кривично дело.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот