Македонија
6. August 2015 - 10:27

Гостиварец се припремал за семејна веселба па заработил казна

Гостиварската полиција на Г.Е. (31) му изготвила платен налог и го предупредила за неовластено приредување огномет на семејна веселба.

Според СВР Тетово, синоќа околу 22 часот тој во дворот на семејната куќа во Долна Бањица за време на веселбата употребувал пиротехнички средства за што немал одобрение. Случајот бил пријавен во полициската станица откако делови од пиротехничките средства паднале во соседството, но за среќа не предизвикале штети.

Г. Е. ќе се соочи со глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска притиввредност по расчистување на случајот.  

Употребата на огнонено оружје и пиротехнички средства е забранета, но во Гостиварско и ова лето тоа е зачестена појава. Досега се пријавени три случаи на оштетувања од заталкани куршуми, а во еден случај малолетно дете го загуби животот во населбата Фазанерија, откако во главата беше погодено со заталкан куршум.