Македонија
23. September 2018 - 14:32

Гостиварец претепан од две лица при излегување од ноќен бар

Утринава во 6.00 часот К.З (21) од околната гостиварска населба Циглана пријавил дека околу три часот пополноќ на излегување од Угостителски објект лоциран на ул ,,Живко Брајковски“ во Гостивар физички бил нападнат од две лица кои со тупаници го удирале по глава, од што паднал во бессознание.

Повикана е ИМП укажана му е соодветна лекарска помош, а еден од напаѓачите е приведен во полициска станица станува збор за Р.С (22) од гостиварското село Здуње.

Се работи на целосно расчистување на случајот.