Кошарка
1. December 2017 - 9:50

Гостински победи на Олимпијакос и Фенербахче

 
  Екипите на Олимпијакос и Фенербахче забележаа победи на гостувањата во Шпанија, против Валенсија и Басконија. 
 
Во дуелите од 10.коло на кошаркарската Евролига, Олимпијакос го победи шпанскиот првак Валенсија со 72-64 со што грчкиот тим повторно се проби на првото место на табелата. 
 
И актуелниот евопски шампион Фенербахче се радуваше на петта победа совладувајќи ја Басконија со 83-69 со што ја прекина серијата од три победи по ред на шпанскиот тим. 
 
Предноста на домашниот терен ја искористија Химки во дуелот против Бамберг 82-73, Анадолу Ефес кој со 73-68 го совлада Армани Милано, како и Макаби – кој во Тел Авив беше подобар од Жалгирис со 81-74.
 
Останатите натпревари од оваа рунда на програмата се денеска, а двојките се: ЦСКА Москва – Барселона, Панатинаикос – Уникаха и Реал Мадрид - Црвена звезда.