Фудбал
27. February 2017 - 10:19

Гостинска победа на Рома во дуелот со Интер

Фудбалерите на Рома забележаа значајна победа на гостувањето во Милано против Интер во трка за првите три позиции на табелата во Серија А, кои следната сезона носат настап во Лигата на шампиони.
 
Во натпревар од 25.коло „римската волчица“ славеше победа на „Џузепе Меаца“ во Милано кај Интер со 3-1.
 
Гостите од Рим поведоа уште во 12.минута со голот на Раџа Наинголан. Истиот фудбалери во 56.минута зголеми на 2-0, а Мауро Икарди со погодокот во 81.минута, ја врати надежта на домаќините. Сепат тоа траеше само четири минути бидејќи во 85.минута Диего Пероти од пенал ги постави конечните Интер – Рома 1-3.
 
Рома го искористи киксот на Наполи, па сега е на второто место на табелата со седум бодови помалку од лидерот Јувентус, но два повеќе од Наполи. Затоа пак Интер од четвртото, падна на шестото место на табелата.
 
Од оваа рунда во Серија А останува да се одигра уште вечерашиот дуел меѓу Фиорентина и Торино.
 
Табела: Јувентус 66 бода, Рома 59, Наполи 54, Аталанта 51, Лацио 50, Интер 48, Милан 47,...