„Господинот Заев нека носи нови разузнавачи и нови шпиони, ние ќе носиме нови инвестиции“
ВМРО-ДПМНЕ е тука за да победи и за да има апсолутно мнозинство во македонското Собрание. Сакаме стабилна држава, држава која ќе напредува и тука не сме за да отвараме нови политички кризи, ние сме тука за да победиме и да отвараме нови работни места, да донесеме нови странски инвестиции. Господинот Заев нека носи нови разузнавачи и нови шпиуни, ние ќе носиме нови инвестиции, изјави Антонио Милошоски, носителот на канидатската листа во петата изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски најави подобрување на успехот и подобар изборен резултат од претходните парламентарни избори
- Ќе го повториме и ќе го подобриме изборниот резултат од 2014 години затоа што направивме добри работи. За десет години успеавме да отвориме 15 илјади нови работни места во петата изборна единица и во следните години ќе го правиме истото.
Гласајќи за кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласате за луѓе кои веруваат својот народ и гласате за пратеници кои никогаш не го изневериле интересот на својот народ.
- Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за зачленување во ЕУ и НАТО но достоинствено и со крената глава а не понижувачки и со свиткана кичма. Истовремено тоа е глас за добри односи со нашиот стратешки партнер САД на чело со нивниот претседател Доналд Трамп.
Милошевски истакна дека имаат работа со политички опоненти кои постојано ги продавале националните интереси.
- Имаме работа со политички опоненти кои продадоа многу национални интереси само за да останат на власт. Сега нема што да продаваат немаат економска програма ниту план, и затоа сега се решени да го продадат јазикот да ја продадат и унитарноста само за да дојдат на власт. На 11 декември ќе имаме победа на оние кои се грижат за интересите на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите