Македонија
8. March 2017 - 11:10

Гори возило на Плетвар

Товарно возило е опожарено утринава на патот Градско-Прилеп, кај Плетвар.

Од МВР за Курир велат кај нив од страна на противпожарната екипа е пријавено во 9:55 часот дека е опожарено возило  на патот Градско-Прилеп во близина на ресторанот „Че“.

Нивни екипи се упатени на местото, но засега немаат повеќе информации дали има лице во возилото и како е настанат пожарот. Повеќе детали најавуваат за подоцна.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам