Македонија
12. August 2015 - 15:27

Гори стан на булевар „Туристичка“ во центарот на Охрид

Два пожари во Охрид во исто време во Охрид. Додека екипите на територијалната противпожарна единица го локалираа пожарот кој изби попладнево во стан на улицата „Партизанска“, околу 13: 30 минути пристигнала дојава за нов пожар на булеварот „Туристичка“.
 
Пожарот настанал во стан во зграда на „Туристичка“, наспроти „Лукоил“. Биле мобилизирани дополнителни екипи за гаснење на вториот пожар, информираа од охридската противпожарна единица.