Македонија
12. November 2015 - 12:15

Гори шума на Кaраџица

Пожар од изутрината беснее на падините на Караџица, над селото Дејковец во општина Зелениково.

Гори мешана шума на непристапен терен, а пожарот се заканува да зафати поголема шумска површина на Караџица.

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека по барање на општина Зелениково, од 9 часот се активирани два противпожарни авиона.

Екипи на ДЗС се на терен и ја следат состојбата.