Гори шума кај Македонски Брод, другите пожари изгаснати
Ноќеска, во 1 часот по полноќ е изгаснат пожарот кај Теферич, општина Кисела Вода. Во гаснењето беа ангажирани тимовите од подрачните одделенија за заштита и спасување Кисела Вода, Град Скопје и Чаир со вкупно 30 лица и ТППЕ со седум возила и 15 пожарникари.
Како што информира денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарот избувнал вчера во 19 часот, а опожарени се 15 хектари мешана шума, грмушки и трева.
Ликвидиран е пожарот во општина Студеничани, кај селата Елово и Осинчани. На терен дежураат екипи на „Македонски шуми“.
Пожарот кај село Дејковец, општина Зелениково вчера е ставен под контрола.
Се уште е активен пожарот кај местото викано Царовец во атарот на село Крапа, Македонски Брод. Опожарени се 40 хектари. Во моментов на терен се ангажирани две лица од подрачното одделение за заштита и спасување и Шумското стопанство со пет возила и 24 лица.
Пожарот кај село Гурганци на патот кон Куманово, вчера во 18.30 часот е ставен под целосна контрола. Опожарена е површина од 100 хектари, од кои 30 хектари се борова шума. Во моментов на терен има дежурни екипи од јавните претпријатија.
Под контрола во 23.45 часот е ставен пожарот кај местото викано Пела, во атарот на село Слатина, Македонски Брод. Пожарот избувнал синоќа во 21.45 часот, а горела сува трева.
- Во текот на вчерашниот ден беа ангажирани ТППЕ со едно возило со четворица пожарникари, а денеска утрово на терен беа ангажирани 5 пожарникари, информира ДЗС.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден