Балкан
26. August 2017 - 21:11

Гори популарниот грчки остров, евакуирани жителите на Закинтос

Шумски пожар изби денеска на подрачјето на селото Анафонтија во северниот дел на грчкиот остров Закинтос и во тек е евакуација на мештаните, јавија грчките агенции.

На местото на пожарот се упатени десет пожарникари и пет возила, две цистерни, еден поголем и еден помал авион за гасење пожар, а гасењето го отежнуваат и силните ветрови.