Македонија
14. October 2017 - 14:09

Гори нискостеблеста шума меѓу кавадаречките села Раец и Фариш

Гори нискостеблеста шума меѓу кавадаречките села Раец и Фариш. Според информациите добиени од командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, зафатена е површина од околу три хектари.

- На терен интервенираме заедно со подружницата на "Македонски шуми“, со по едно противпожарно возило и со по четворица пожарникари. На помош ни дојдоа и ловџии од селото Ваташа, истакна Богевски.