Македонија
1. August 2017 - 22:06

Гори над Скопје, пожар се шири кај скопските села Орман и Никиштани

Четири противпожарни возила и едне хеликоптер се вклучија во гаснењето на пожарот кој избувна во близина на скопските села Орман и Никиштани. Огнот на места е локализиран, но се појавува веднаш на нови локации, јавува репортерот на „А1он“. Во гаснењето на огнот учествуваат и жени и деца од селото.

Куќите во скопско Орман за среќа не се зафатени од огнот, бидејќи од страната на ридот каде што е населеното место, огнот е локализиран.

Жителите се вклучија во справувањето со охнената стихија, која лесно се шири поради ветрот, а помагаат и жители на селото Волково.

Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот избувнал кај селото Никиштани, при што е зафатена дабова шума и зема замав. Во гаснењето на огнот, според нив, вклучени се противпожарната единица, Шумското стопанство Караџица и Јавното претпријатие Водовод.