Свет
5. јуни 2018 - 15:02

Гори центарот на Лондон: Пожар зафати зграда во познатиот туристички дел од британската престолнина

Во блокот станови во Мејфер во централниот дел од Лондон изби пожар, соопшти пожарната служба на Лондон.

На самото место во улицата Бурдон се наоѓаат шест противпожарни возила и 35 пожарникари, се наведува во соопштението.

За сега не се знае причината за пожарот, се додава во соопштението.