Македонија
9. March 2019 - 10:22

Гореше штала во скопско Љуботен - повредени нема

Горела штала во скопското село Љуботен. Според информациите на полицијата, вчера околу 17,40 часот било пријавено дека во с.Љуботен-скопско настанал пожар во штала сопственост на  Џ.А.Р.(59), при што изгорела кровната конструкција, а опожарено било и поголемо количество на тутун и сено. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.