Македонија
21. January 2019 - 10:06

Гореше пилана во Битола

Гореше пилана во Битола, екипите од противпожарните екипи го локализирале пожарот. Како што стои во билтенот на МВР, на 19.01.2019 година во 16.05 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на булевар „1-ви Мај“ во Битола во објект-пилана, сопственост на приватна фирма. 

Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.