-->
-->
Гореше куќа во скопски Илинден, има повредени
-->
Избувна пожар во семејна куќа во скопско Илинден. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 21,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „8“ во населбата Илинден избувнал пожар во куќа сопственост на Д.Т. (36). На местото на настанот првично било констатирано дека пожарот најверојатно настанал од проводник на електрична енергија. Од пожарот оштетен бил кровот на куќата и мал дел од покуќнината во поткровјето. Братот на пријавителот М.Т. (31) при напуштање на куќата се самоповредил (повреда на левиот скочен зглоб). Екипа од Бригадата за противпожарна заштита целосно го изгаснала пожарот.
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата