Македонија
30. August 2018 - 10:17

Гореше куќа во село Ѓавато, повредени нема

Во помошни простории во дворот на куќа во село Ѓавато, битолско, сопственост на П.К.(61) од Битола вчера околу 21:00 часот избил пожар, при што се целосно опожарени.

Повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарна единица Битола. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.