Македонија
28. February 2017 - 12:49

Гореа три автомобили во Скопје

Во 20.00 часот телефонски во ЕИК од Бригадата за противпожарна заштита пријавиле дека во Скопје на бул.„Крсте Мисирков“ опожарени се три ПМВ и тоа: „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ф.Ш. од Скопје, „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки сопственост на Б. Е.(40) од Скопје и „Сузуки Свифт“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Н. (41) од Скопје. Имено, М.Ш. (44) од Скопје кога го стартувал ПМВ „Фолксваген Пасат“ (сопственост на неговиот брат Ф.Ш.), од предниот дел на возилото избил оган, при што возилото целосно изгорело, зафаќајќи ги другите две возила.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.