Македонија
4. March 2017 - 14:11

Гореа две куќи во Ржаничино

На 03.03.2017 година околу 13,20 часот во ЕИК-Скопје, било пријавено дека во с.Ржаничино кај гробиштата горела сува трева, а од пожарот биле зафатени две помошни простории од викенд-куќи. Првично се работи за неколку помошни простории од кои една е сопственост на Д.С. (74) од Скопје. При гаснењето, истиот се здобил со телесна повреда (изгореница во пределот на подлактицата на десната рака). Пожарот бил изгаснат од екипа на БППЗ околу 17,00 часот. Местото на настанот било фотографирано од страна на ЕУМНА.