Балкан
22. January 2020 - 10:58

Гореа 18 возила во Атина

Во периодот меѓу 1 и 3 часот по полноќ, непознати сторители во неколку различни населби во Атина запалиле 18 паркирани возила, а ова е трета ноќ по ред со идентични инциденти, јави дописничката на МИА од Атина.
 
Според Противпожарната служба на Грција, во населба во северниот дел на Атина, на три различни улици биле запалени 12 паркирани автомобили, а во гаснењето учествувале 20 пожарникари со седум возила.
 
Кусо подоцна, во близина на центарот на Атина биле опожарени три паркирани комбиња, а на друга локација уште две, додека пак во населба во северниот дел на градот бил запален еден автомобил.
 
Ова е трета ноќ по ред, непознати лица да палат паркирани автомобили. Од понеделникот до денеска, биле запалени најмалку 34 возила на различни локации во Атина.