Loading Video...
Фудбал
8. јуни 2018 - 18:21

„Гордиот албион“ сонува светска титула!

Фудбалерите на Англија со втората победа во подготвителниот период против Костарика со 2-0 потврдија дека се подготвени за настап на Мундијалот во Русија каде очекуваат висок пласман па дури и втора светска титула. 
Рашворд со прекрасен удар успеа да го совлада голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас, додека конечните 2-0 беа дело на Велбек во второто полувреме.  Костарика иако најавуваше голем отпор не успеа да направи посериозна шанса пред голот на противникот.