Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за МИА од МВР.
Ваквата одлука следува по одбивање на барањето на Јанкуловска, упатено до Врховениот суд за вонредно испитување на одлуката на скопска апелација за случајот со незаконската набавка на мерцедесто „С-600″ во износ од 600 илјади евра. Освен Јанкуловска, во овој предметот како виновни се прогласиа и Ѓоко Поповски (кој веќе е во извршување на казната затвор) и Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија, (осуден на две години затвор).
Воедно, против Јанкуловска, во Кривичниот суд Скопје, моментално се во тек и две други предмета за „злоупотреба за службената должност”, (Таргет-Тврдина и Титаник).
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство