Џет-Сет
20. May 2018 - 13:23

Горат социјалните мрежи: Дали е можно ова да и го кажа на невестата

Целиот свет ја следеше спектакуларната церемонија на кралската венчавка вчера во капелата на дворецот Виндзор, а потоа некој забележал дека принцот Хари токму пред почетокот на венчавката и шепнал нешто на својата невеста, Меган Маркл.

Некој на социјалните мрежи објави дека принцот рекол „се посрав“. а потоа почна пекол од коментари.

"24,5 милиони луѓе ја гледаа кралската свадба, а токму сме сведоци дека принцот Хари рече „се посрав“, пишува во тој твит.

Скандалот ги запали социјалните мрежи до таа мерка што и сериозните медиуми се вклучија во темата.

Хафингтон пост ја истражи целата снимка и објави што точно Хари рекол:

„Изгледаш прекрасно“, и кажа низ насмевка на Меган, а потоа од гризна долната усна и додаде: „Вистински среќник сум“, демистифицираше ХП.