Македонија
26. January 2018 - 22:51

Горат неколку куќи во населбата Лисиче - пожарникарите на терен

Вечерва голем пожар избувнал во скопската населба Лисиче. Според првичните информации, добиени од очевидци зафатени се неколку куќи во близина на трговскиот центар. 
Противпожарните екипи веќе се на терен и работат на локализација на пожарот.

Се уште нема информации како избувнал пожарот. Наскоро се очекуваат повеќе детали.