Балкан
11. January 2018 - 13:54

Горанов: Бугарија сака да се приближи до влез во еврозоната

Бугарскиот министер за финансии Владислав Горанов денеска изјави дека сака неговата земја да се приближи до влезот во еврозоната во текот на следните шест месеци, додека Бугарија претседава со Европската унија.

Горанов пред новинарите  изјави дека „најверојатно ќе аплицираме во првиот семестар" за да влеземе во програмата ERM-2, што е потребна пред земјата да се приклучи на еврото, во која сега се 19 членки на ЕУ.

Горанов рече дека бугарската валута, левот, веќе има фиксен курс за еврото, стабилна економија и „никако не може да биде ризик за еврозоната". 

Бугарија има најнизок БДП по глава на жител во ЕУ.