Македонија
5. May 2017 - 14:38

Горан Ангелов претседателот на МПЗ „Ќосето“ ја напушти полициската станица

По неколкучасовен распит во полициската станица во Кисела Вода, претседателот на македонското патриотско здружение „Ќосето“ од Велес, Горан Ангелов ја напушти  станицата.

Тој бил повикан на разговор во врска со учеството во случувањата во Собранието, а негови приврзаници од здружението дојдоа да му дадат поддршка.

Досега Ангелов не е пријавен во ниту една од групите против кои МВР поднесе кривични пријави, објави Телевизија 24.