-->
-->
Горан Алачки во љубов со познатата водителка: Марина ми се случи кога најмалку ја очекував
-->
Музичарот Горан Алачки веќе не ја крие врската со водителката Марина Дојчиновска, која е ТВ лице од неколку локални и национални телевизии.
Маестро на хармоника и Дојчиновска уживаат во Бразил, каде што Алачки повеќе пати има одржувано музички работилници. Со фотографии на кои се гледа дека се вљубени, Горан и Марина се пофалија на социјалните мрежи од познатата бразилска плажа Копакабана.
Алачки е поранешен сопруг на Адријана, позната пејчка и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“, претседател на здружението на готвачи ,“Гастромак“.
„ Ние останавме добри пријатели и по разводот. Сѐ уште живееме во иста зграда и заеднички се грижиме за децата“, изјавија Алачки по разводот. Адријана и Горан ги имаат децата Благоја и Грациела, која се омажи за музичарот Игор Димовски, поранешен ученик на Горан Алачки. Грациела и Игор пред две ипол години ја добија ќерката Јана.
Горан Алачки за Фокус ги потврдува информациите дека е во љубовна врска со познатата водителка Марина Дојчиновска еве што изјави:
- Со Марина сме заедно три години. Не се надевав дека ќе ми се случи љубов во животот, и таа ми дојде, не како изненадување, туку како една убава вистина. Се надополнуваме еден со друг, а понекогаш ги поврзуваме патувањата и работата. Така беше во Пакистан – Хунза, Швајцарија, Холандија, па така и сега, последното заедничко патување во Бразил. И двајцата сме зрели личности, во едно доба кога знаеме што точно сакаме од животот. Убаво ни е заедно и секому од срце поскауваме да си ја најде сродната душа – раскажува Алачки за Фокус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење