Loading Video...
Ракомет
27. April 2018 - 13:25

Гонзалез: Кил е силен противник и ништо не е готово

Европскиот првак Вардар е фаворит на дуелот со Кил, но „црвено-црните" се свесни дека тоа мора да се докаже и на теренот. А против германските екипи треба секогаш да се игра добро, до крај на мечот, без опуштање и со максимално залагање.

Салата во СЦ „Јане Сандански" одамна е распродадена, навивачите се желни за нови победи, за нова клупска и македонска веселба. Притисокот е присутен, но екипата е подготвена за овој предизвик, за она што ги очекува и за она што го сака публиката.

„Ова ни е последен меч од Лигата на шампионите сезонава во Скопје. Имаме еден гол разлика од првиот натпревар и сметам дека овој резултат е добар. Сега играме дома и пред нашите навивачи. Сепак, не се опуштаме свесни сме дека Кил има квалитет. Има одлични ракометари кои ќе знаат да се снајдат и во Скопје. На првиот меч играа добро 3-2-1 одбрана, а за нас беше тешко да нападнеме против оваа одбрана. Моите ракометари се подготвени и сакаме уште еднаш да играме во Келн. Сите сметаат дека во Скопје ќе немаме проблем. Сите очекуваат од нас да победиме. Ќе играме под притисок, а свесни сме дека ќе биде тешко бидејќи имаме одличен противник за ривал", вели Раул Гонзалес тренерот на „црвено-црните