Фудбал
26. October 2020 - 9:06

Голот на Кулушевски го спаси Јувентус од пораз на мечот против Верона

Јувентус синоќа во натпревар од 5. коло на италијанскиот шампионат ремизираше со Верона со резултат 1:1.

Гостите дојдоа во водство преку Андреа Фавили по еден час игра, изедначи фудбалерот со македонско потекло Дејан Кулушевски во 78 минута.

По оваа средба, Јувентус со девет бода се најде на петтото место во поредокот во Серија А, додека Верона со осум бода е осма.