Свет
5. July 2020 - 17:03

Голман погоден од гром се бори за живот

Младиот руски голман Иван Заборовски (16) беше погоден од гром за време на тренинзите во Орехово-Зуево во московскиот регион.

– Имаше инцидент за време на тренинзите денес. Нашиот млад голман Иван Заборовски беше погоден од гром и тој е во критична состојба на интензивна нега и се бори за неговиот живот – објави неговиот клуб Знамја Труда.

Знамја Труда е најстариот активен фудбалски клуб во Русија, постои веќе 110 години.