Македонија
26. January 2018 - 12:26

„Голф“ удри во двајца тинејџери кај Брњарци, момчињата со тешки повреди завршија во болница

Вчера во 13,40 часот е пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје-Куманово со локалниот пат за село Брњарци патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од К.Б.(64) од Скопје удрило во двајца пешаци на возраст од 15 и 17 години.

Од незгодата со повреди се здобиле пешаците, кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар им биле констатирани тешки телесни повреди. 

Извршен бил увид на местото на настанот. 

Се работи на целосно расчистување на случајот.